| 28.11.2017. ЗДРАВА ХРАНА

Честопати за да пробаме некој вид храна, од клучно значење е нејзиниот изглед. Нашите рецептори за вид може да нè наведат да пробаме нешто, дури и без воопшто да прашаме какви состојки има тоа јадење.

Овој колач е совршен пример за тоа. Штом ќе го видите тоа совршено подредено шаренило, сигурни сме дека ќе посакате веднаш да го пробате.

А, еве како да го направите сами дома.

 
 

Потребни состојки:

За пандишпан:

450 g брашно
100 g шеќер
1 прашок за пециво
150 g маргарин
1 јајце + 100 ml млеко

  
 

За чоколаден фил:

350 ml млеко
100 g чоколадо
4 лажици шеќер
1 пудинг од чоколадо
125g маргарин

За фил од портокал:

 
loading...
 

300 ml сируп од портокал
300 ml вода + малку прехранбена портокалова боја
2 пудинзи од ванила

Глазура:

100 g чоколадо
3 лажици шеќер
3 лажици вода
50 g путер
50 g маргарин

Подготовка:

Прво направете ги филовите.

За филот од портокал:

Ставете на оган 300 ml сируп со 200 ml вода и малку прехранбена портокалова боја и почекајте да зоврие. Во остатокот, разматете го пудингот па додадете го во сокот и направете густ фил. Оставете да се излади, но не премногу, бидејќи нема да можете да го размачкате врз кората.

За филот од чоколадо:

Ставете на оган околу 250 ml млеко и додадете го шеќерот. Во остатокот размешајте го пудингот и направете густ фил. Тргнете го тенџерето од оган и додадете го чоколадото. Мешајте додека тоа не се стопи, а на крајот додадете го и маргаринот.

Додека се ладат филовите направете го пандишпанот:

На масата замесете тесто кое е меко и нелепливо и поделете го на 5 дела. Секој дел измерете го на вага за да добиете еднакви делови. Загрејте ја рерната на 200 °С. Секое парче развлечете го во кора со големина од 20×30 cm.

Завртете го обратно плехот за печење и ставете врз него хартија. Врз вака свртениот плех, печете ја секоја кора посебно по околу 10 минути. Штом видите дека краевите пожолтуваат веќе е готова, бидејќи кората треба да остане бела.

На крајот, наредете една кора, па чоколаден фил, друга кора, фил од портокал, повторно кора, чоколаден фил, кора, фил од портокал, кора и најгоре глазура (состојките за глазура стопете ги на средна температура и премачкајте го колачот).

Ставете го колачот во фрижидер да се излади и најдобро е да сечете кога корите ќе омекнат од филовите.

Крв да ви се стори!

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени