| 24.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Неодамна откриените писма го откриле последниот оброк кој го имал Адолф Хитлер, кој јадел само неколку часа пред да се убие.

Пронајдените писма од неговиот личен готвач Констанзе Манзиарли, која и бил даден прекарот Мис Марципани, се дознава дека му направила на Хитлер финален оброк од тестенини и сос од домати.

Истражувачот Стефан Дитрих ги открил писмата од готвачката, кои биле испратени на нејзината сестра во Австрија во 1944 година и сведочат за стресниот и застрашувачкиот живот кој готвачката го живеела под диктаторот.

 
 

Во писмата напишала дека Хитлер и оставил “чувство дека со едната нога веќе е во гроб”. Таа во едно од писмата пишува: “Не претерувам, се соочувам со незамисливи тешкотии што не можам никому да ги пријавам”.

Хитлер, кој не јадел месо, ја преместил готвачката во неговиот планински дом каде почнала да се усовршува на сурова вегетаријанска исхрана за да ги исполни неговите потреби и желби.

  
 

Писмата го откриваат огромениот стрес и притисок кои биле врз жената, а во едно од писмата ѝ рекла на својата сестра дека “останува се додека тој е тука”. Додава: “Тоа е непријатна должност, но она што ме прави толку изнемоштена е огромниот товар на одговорност што мора да го носам со неа”.

Откривајќи повеќе за навиките на исхрана на Хитлер, Манзиарли напишала дека сака да јаде просо со ленено масло и наместо месо, да јаде сецкани печурки.

За десерт, обично имал две рендани јаболки, но често губел контрола и ќе се запнел за торта за време на ноќните состаноци.

 
loading...
 

Во ноќта на 30 април 1945 година – денот кога Хитлер се самоубил – Манзиарли подготвила вечера од пржени јајца и пире од компири, но тој веќе бил мртов додека му бил однесен оброкот.

По неговото самоубиство, Манзиарли избегала од бункерот, но била заробена од двајца војници на Црвената армија, според секретарката на Хитлер, Траудл Јунге, и никој повеќе не ја видел или слушнал за неа.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени