| 12.11.2017. ПО ДОМА

Една кинеска компанија можеби го најде рецептот за среќен живот: бесконечна понуда на алкохол за да ги задржи клиентите топли за време на оние долги и осамени ноќи.

Како дел од годишниот ден на осамени (празник фора во Кина) на Alibaba, која е една од најголемите онлајн продавници во светот, еден произведувач на алкохол нудеше доживотна испорака на бајџиу алкохол за еднократна уплата од 11.111 јуани (1.275 фунти). Цената се однесува на датумот на малопродажниот настан, кога онлајн продавниците ги намалуваат цените заради 11 ноември, датумот одбран заради збирот на осамени единици (11.11 ви текнува?).

Првите 33 клиенти кои ќе купат доживотно снабдување со алкохол ќе добиваат по 12 шишиња од бајџију секој месец до нивната смрт, а можат да го остават и во наследство постојаниот дотур на алкохол на член од семејството ако умрат во рок од пет години од купувањето на оваа бизарна понуда.

 
 

Бајџиу е бела љута ракија која обично се прави од сорго или ориз и често може да содржи волумен на алкохол и над стандардните 40%. Се пие на екс и е прилично застапен на кинеските прослави. И покрај неколку големи обиди за продажба на овој алкохол во странство, во голема мера не успеа да стане популарен надвор од Кина.

Еднодневната промоција е значително намалување од нормалната цена од 99.999 јуани, додека едно шише баиџиу обично се продава за 196 јуани.

Сепак, нашето прашање е дали оние кои ја купиле оваа понуда размислиле што ќе се случи ако компанијата банкнотира во блиска иднина?

  
 

(69)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени