| 14.12.2017. ПО СВЕТОТ

Пејачката Шамина Ахмед, позната како Шима, ќе помине две години зад решетки поради секси спот. Иста казна добил и режисерот на спотот (пресудата е изречена во негово отсуство), а одлуката ја донел суд во Египет.

Во видеозаписот за песната „I have issues“ пејачката сугестивно јаде банана, се полива со млеко, лиже јаболка и флертува со студенти. Во еден кадар се појавува и во долна облека, што е прогласено за „несоодветно и скандалозно однесување“.

 
 

Неприфатено извинување

Многу брзо по објавувањето на спотот, пејачката Шима била уапсена и поминала десет дена во притвор.

– Не очекував дека ќе се случи ова и дека ќе бидам на мета на напади и омраза. Немав намера да навредам кого било. Се извинувам – напишала Шамина Ахмед на својот профил на Фејсбук, кој подоцна бил избришан.

  
 

Судот, 25-годишната Шима ја прогласил за виновна заради „поттикнување на разврат и објавување на неморална содржина“.

Жени во затвор

„Њујорк дејли њуз“, бележи дека Египет има историјат на затворање жени поради „иницирање разврат“. Минатата година, три жени завршија зад решетки, по шест месеци, само затоа што танцувале во музички видеа.

 
loading...
 

Друга пејачка, пак, е на суд поради „ширење провокативен публицитет“ откако изјавила дека од пиење од реката Нил човек може да се разболи.

– Пиење од Нил ќе ми предизвика шистозомијаза – изјавила пејачката Шерин Абдел Вахаб во видео, откако обожавател побарал од неа да ја испее „Mashrebtesh Men Nilha“ (Дали си пиел од Нил?).

Поради нејзиното тврдење дека може да дојде до заразување со паразити, добила забрана од Египетскиот музички синдикат да настапува два месеца во државата.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени