| 11.01.2018. ПО ДОМА

Сега е идеален период да започнете со здрава исхрана и диета, после обилното празнично прејадување и полнење на организмот со масти.

Но, како да ја одберете најздравата диета, е веројатно најголемата дилема која ја имате кога треба да се одлучите да започнете со нов начин на исхрана.

Експертите и нутриционистите ви помагаат. Споредувајте 40 различни планови за исхрана, дошле до заклучок дека само 2 се комплетно погодни за здравјето на човекот.

 
 

Според критериуми како безбедноста, леснотијата за држењето на диетата и успешноста на крајните резултати, двете најздрави диети се:

Медитеранската диета, која се базира на овошје, зеленчук, житарки од цели зрна, риба, маслиново масло и јаткасти плодови.

dvete-dieti-koi-se-proglaseni-za-najzdravi-02.jpg

  
 

1. Секојдневно јадете житарки и производи од жито.
2. Секојдневно јадете оброк со тестенини, компири или ориз.
3. Барем 3 пати неделно консумирајте мешунки – грав, грашок, леќа.
4. Јадењата зачинете ги со маслиново масло.
5. Употребувајте домати и доматен сос колку почесто можете.
6. Секојдневно јадете овошје и горчлив зеленчук – рукола, брокула.
7. Јадете сина риба неколку пати неделно.
8. Консумирајте млеко и ферментирани млечни производи.
9. Намалете ја количината на месо, без оглед дали се работи за бело или црвено, до 2 пати неделно.
10. Јадете максимум 3 јајца неделно.
11. Секој ден пијте 2dl црвено вино.

Даш диетата, во која се внесуваат свежи плодови, се ограничува внесот на сол, како и индустриски преработена храна.

dvete-dieti-koi-se-proglaseni-za-najzdravi-03.jpg

 
loading...
 

DASH диетата е првично осмислена за намалување на високиот крвен притисок, за подоцна сите лекари и нутриционисти да ја препорачуваат како идеален тип на исхрана.

И оваа година зад себе ги остави Аткинс и Палео диетите, а се базира на овошје, зеленчук, цели зрна и безмасно месо, а најважно во DASH исхраната е да го намалите внесот на сол, преработени шеќери, маснотии и црвено месо.

Стручните оценуваат дека ова е една од ретките диети кои немаат јо-јо ефект.

Основни насоки:

– Дневниот внес на соли се ограничува на 1 чајна лажичка
– Во текот на еден ден се јаде најмногу свежо овошје и зеленчук
– Обичните житарки се заменуваат со цели зрна
– Се избегнува индустриски преработена храна
– Се бираат безмасни извори на протеини како риба и мешунки

hit-dietata-za-2017-ta-godina-koja-gi-pobedi-paleo-i-atkins-dash-dieta-2.jpg

Помалку активните лица треба да внесуваат околу 2.000 калории дневно, додека активните лица смеат да си дозволат 2.200 калории.

Луѓето кои имаат од 30 до 51 година смее да внесуваат околу 1.800 калории, а постарите од 51 година – 1.600 калории, доколку имаат „седечка“ работа.

Просечно активните лица смее да внесуваат до 2.000, односно 2.200 калории соодветно возраста, додека третата група на луѓе – најактивните, имаат дополнителни 200 калории во текот на еден ден.

Отприлика менито изгледа вака:

Појадок:
100g овесна каша со 1 шолја (240ml) млеко, половина шолја (75g) боровинки и чаша свеж сок од портокал

Меѓуоброк:
1 средно јаболко и 1 шолја (285g) павлака

Ручек:
1 шолја (285ml) супа од зеленчук, сендвич со 80г туна од конзерва, 100g зелена салата, 1 мала лажичка лесен мајонез и 2 парчиња леб од цели зрна

Меѓуоброк:
1 банана

Вечера:
100g варени пилешки гради, 100g варена брокула, 100g морков варен или свеж, 200g варен кафеав ориз

hit-dietata-za-2017-ta-godina-koja-gi-pobedi-paleo-i-atkins-dash-dieta-5.jpeg

Појадок:
2 варени јајца, 50g шери домати, 2 парчиња леб од цели зрна, 1 шолја свеж сок од портокал.

Меѓуоброк:
1 јаболко

Ручек:
100g зелена салата, 100g шери домати, 1 лажица дресинг по желба, 50g тврдо сирење, 4 крекери од цели зрна

Меѓуоброк:
1 шолја овошна салата

Вечера:
1 шолја шпагети со сос од домати и 100g мисиркино месо, 100g варен грашок

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени