| 12.01.2017. ПО ДОМА

Двојазичноста е старо прашање која не престанува да биде предмет на дебата повеќе од 25 години независност. Последново време оваа прашање се појави на голема врата од една партија, многу медиуми, и некои аналитичари (или „аналитичари“), кои цело време зборуваат за тоа колку двојазичноста е лоша и проблематична, меѓу другото, како што некои се обидуваат да аргументираат, бидејќи двојазичноста ќе водела до федерализација.

Дека двојазичноста не е карактеристика само на федерални држави веќе сум го кажал во некои претходно објавени колумни, но бидејќи ова непознавање на нештата или намерна лага и манипулација продолжуваше да се најде кај медиумите, помислив дека е вредно да се вратам повторно со посебен осврт.

Да тврдиш дека двојазичноста ќе води до федерализација е огромно непознавање на оваа прашање, бидејќи тоа ниту теориски не е издржано, а ниту тоа практиката не го потврдува. Едноставно, колку официјални јазици има една држава нема врска со тоа дали државата е унитарна или федерална. Има унитарни држави со два или повеќе официјални јазици, и федерални држави со еден официјален јазик.

 
 

За да го докажам горенаведеното, еве кратка листа на некои унитарни држави со два официјални јазика:

– Република Ирска (ирски и англиски)
– Финска (фински и шведски)
– Белорусија (белоруски и руски)
– Казахстан (казахстански и руски)
– Нов Зеланд (англиски и маори); и многу други држави.

Сега, некој би ги ставил причините како овие држави станале двојазични, но кои и да биле нивните причини, овие примери докажуваат дека двојазичноста не значи федерализам, што значи дека двојазичноста нема да ја претвори Македонија во федерална држава.

  
 

Од многу луѓе во нашата држава, двојазичноста се покажува како огромен ерес, нешто невидено кое би ѝ се случило само на Македонија. Но вистината е дека во светот веќе има десетици држави со два (некогаш и повеќе од два) официјални јазика, така што двојазичноста во Македонија не би била никаков преседан.

Што се однесува до моделот на двојазичноста, има безброј држави од кои Македонија може да црпи искуства. Ако оваа прашање ги разбранува духовите две и пол децении развој на самостојна држава, Македонија мора веќе да го затвори ова прашање кое реално гледано не е толку тешка за решење како што ја претставуваат политичарите, кои преку оваа тема сакаат да добијат гласови. Треба да се потсетиме дека до одредена мера како официјални јазици покрај македонскиот беа албанскиот и турскиот јазик и во бившата СРМ, и секое подобрување на нештата не значи и подривање на заедничката држава. Особено таков капацитет нема јазичкото прашање.

(Авторот е студент на Политички науки во Универзитетот на Југоисточна Европа)

 
loading...
 

(44)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Риљинд Даути
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени