| 18.12.2017. ПО СВЕТОТ

Младиот Британец Џејмс Есквит до својата 24-та година од животот ги посетил сите 196 држави во светот, благодарејќи на што и влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмладата личност на која и успеал тој потфат.

Есквит, роден во Сасекс, но најголемиот дел од животот бил во Лондон, од мал штедел пари, работејќи „ситни рбаоти“ каде и да можел. Кога имал 12 години им ги миел возилата на соседите, а за роденден и Божик барал пари наместо подароци.

До 18-та година Есквит заштедил „пристојна сума“, по што паузирал со школувањето една година и отпатувал со пријателите во југоисточна Азија.

 
 

Она што почнало како тримесечно патување, се претворило во тура по целиот свет, која траела пет години, меѓу кои Есквит ги посетил и од војна зафатените Авганистан и Сомалија.

– Она што отсекогаш сум сакал да направам по посетата на секоја од тие држави е да го отворам светот на патувањата за уште повеќе и за речиси беа трошоци. Така се роди идејата за апликацијата Holiday Swap, наведе 28-годишниот Есквит во изјавта за Танјуг.

Целта на апликацијата е да се охраброт луѓето повеќе да истражуваат и да им се овозможи размена во поглед на сместувањето, а сето тоа со голем удел на општествена и медиумска поддршка.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени