| 10.12.2017. ЗДРАВА ХРАНА

Тиквата е еден од есенските производи кој содржи голем број на важни витамини и минерали што ја прави одлична состојка во сечија исхрана.

Можете да ја консумирате исечена на парченца, во разни колачи или печива, но и во форма на џем.

Ако до сега никогаш не сте се обиделе да направите вкусен џем од тиква следниот рецепт ќе ви каже како да го направите тоа.

 
 

Потребни состојки:

– 1 kg пире од печена тиква
– 300 g шеќер
– сок од 1 лимон
– 1 лажица ванила или екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  
 

Измијте ја и исечете ја тиквата и печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 45 – 60 минути, односно додека целосно не омекне.

Извадете ја тиквата и оставете ја да се излади. Откако ќе се излади извадете го месото и ставете го во блендер. Мешајте додека не добиете убава кашеста смеса.

Добиената смеса ставете ја во поголемо тенџере, додадете го сокот од лимон и ванилата и ставете ја на тивок оган да се крчка.

 
loading...
 

Во друго тенџере ставете го шеќерот и оставете да се стопи на средна температура така што ќе добиете карамелизирана смеса со ќелибарна боја (внимавајте на јачината на огнот за да не ви изгори шеќерот).

Кога шеќерот ќе се стопи и зарумени и додадете го пирето од тиква во тенџерето со карамел (бидете особено внимателни при оваа постапка бидејќи стоениот карамел ќе прска а препорачливо е да користите лажица со долга рачка или ракавици на рацете).

Кога ќе завршите со додавање на пирето, вратете го тенџерето назад на оган и варете уште 1-2 минути со постојано мешање.

Соберете го во чисти врели тегли, убаво затворете ги, замотајте ги во некоја ткаенина и оставете да се изладат.

dzem-od-tikva-so-vkus-na-karamela-2.jpg

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени