| 09.11.2017. ПО СВЕТОТ

За повеќето луѓе, терминот “кампинг возило” не е нешто што вриска “луксуз”. Од друга страна, постои една германска компанија чии возила сепак се разликуваат и тие само што го истркалаа ваквото возило вредно скромни 1,7 милиони долари.

Именуван е Performance S и е најновиот модел од Волкер Мотел, кој се пофали со ова возило кое во основа е хотел со 5 ѕвездички што можете да го паркирате каде сакате. Елегантно и зачудувачко возило кое содржи двоен кревет, целосно опремена кујна, пространа дневна соба и греење со бањата. Во случај сето ова да не е доволно аристократски за вас, кампингот има дури и гаража со електро-хидрауличен лифт во кој можете да си паркирате каква и да сакате кола, бидејќи собира сè – од ферари до мерцедес.

Значи, ако нестрпливо сакате да одите некаде на кампинг, но не сте подготвени да ги оставите зад себе удобностите на вашиот живот и вашето сакано Мерџо, Performance S е тука за вас – под услов да имате околу 1,7 милиони долари што онака ви седат во банка.

 
 

 

 
 

 
loading...
 

 

 

 

(1022)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени