| 21.01.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Ова е уште еден брз и лесен десерт кој ќе го изедете уште побрзо отколку што сте го подготвиле. Кремаст е и чоколаден, па совршен е за послужување во секоја пригода.

Потребни состојки:
– 1,5 l млеко
– 100g чоколадо за готвење
– 4 чоколадни пудинзи
– 8 лажици шеќер
– 300g бисквити
– 2 кесички ванилин шеќер

Подготовка:
Во 300ml млеко измешајте ги пудинзите и сварете во остатокот од млекото со шеќерот и кесичките ванилин шеќер. Во сварениот пудинг, додека е уште жежок додадете го чоколадото и мешајте да се растопи.

 
 

Во друг округол сад или тава ставете ги бисквитите искршени на парчиња. Прелијте со пудинг и мешајте.

ednostaven-kolac-od-biskviti-i-puding-gotov-za-10-minuti-02.jpg

 

  
 

Израмнете и обложете го колачот со проѕирна фолија. Откако добро ќе се олади можете да сечете парчиња или да вадите форми со калапи.

ednostaven-kolac-od-biskviti-i-puding-gotov-za-10-minuti-03.jpg

 

 
loading...
 

Декорирајте со овошје и чоколаден прелив.

ednostaven-kolac-od-biskviti-i-puding-gotov-za-10-minuti-01.jpg

 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени