| 09.11.2017. ПО ДОМА

Заштитен лак се применува за да се одржуваат сликите безбедни од абење, но лаковите ќе ја променат бојата како резултат на времето кое го поминува. Пред околу двесте години, некој го премачкал портретот во масло на една непозната дама од 1618 година со дебел слој лак и до неодамна не биле откриени вистинските бои на уметничкото дело. Експертот за уметност Филип Мулд сподели снимки со неговите следбеници, откривајќи им го внимателното отстранување на заштитниот лак од сликата, а трансформацијата изгледа неверојатно.

Повеќе детали за “Жената во црвено” нема, а се што знаеме е дека таа имала 36 години во времето кога е сликана. Додека реставрацијата на уметнички дела знае ептен да биде рискантна работа и не секогаш со гарантиран успеџ, овојпат презентерот демонстрираше високо ниво на експертиза кога ги открива бујните бои што се кријат под заштитната завршница.

“Сликата првично беше во приватна колекција во Англија”, изјави Мул за The Telegraph. “Почнавме реставрација на сликата по екстензивно тестирање на лакот на површината од масло на дабови панели. Создадена е мешавина од гел и растворувач, посебно само за отстранување на овој лак, но не и за оштетување на основната боја. Тоа е различно од нормалната реставрација, со гелот во функција на суспендирање на растворувачот и работа на контролиран начин.”

 
 

  
 

 
loading...
 

За целосна сатисфакција погледнете го краткото видео…

 

(72)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени