| 10.01.2018. ПО СВЕТОТ

Парк во Северна Каролина објави снимка од алигатори кои ги протнале муцките низ смрзната бара за да можат да дишат, и така да ја поминат зимата.

Вообичаено топлиот, мочуришен крај во околината на Мртл Бич, на брегот на Атланскиот Океан, се соочи со ненадеен студен бран кој ги смрзна водните површини.

Управникот на паркот, Џорџ Хауард, на социјалните мрежи ја објави несекојдневната снимка од неколку американски алигатори која прекуноќ стана атракција. Според Хауард, алигаторите се практично во своевидна хибернација, односно зимски сон и штом ќе се топли времето, ќе се „активираат“.

 
 

Подалеку на север, во градот Бостон, граѓаните беа погодени од неочекувана комбинација на температури од минус 35 степени и силни дождови предизвикани од невремето Грејсон.

Невремето предизвикало поплави низ улиците во повеќе делови од Бостон, а поради студените темепаратури, надојдената вода се смрзнала. Шеесетина автомобили се нашле оковани во мраз.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени