| 10.01.2018. ПО СВЕТОТ

За да се победи загадувањето на воздухот што сите нé мачи има повеќе стратегии, но најуспешна е онаа што делува во жижата на настаните – централните градски подрачја. Затоа и на електричните автобуси сé повеќе се гледа како на лек за загадувањето.

Иако тие се само првата терапија против болеста на цивилизациското општество, нивното значење нималку не се маргинализира. Всушност се истакнува, бидејќи и покрај големиот број недоречености во поглед на нивната експлоатација, електричните автобуси се примарен избор за голем број градски средини. Барем за тие што можат да ги платат, а заедничкото транспортно претпријатие на германските градови Манхајм,

Хајделберг и Лудвигсхафен е едно од нив. Тоа располага со околу 180 автобуси, меѓу кои од крајот на годинава ќе се најдат и првите примероци на електричниот Mercedes-Benz Citaro.

 
 

Овој автобус ќе користи модуларни литиум-јонски батерии, со што ќе се овозможат поединечно прилагодени решенија согласно потребите на секое транспортно претпријатие. На располагање ќе биде со повеќе опции за полнење, а за погон ќе бидат задолжени електромоторите сместени во главчините на тркалата од задната оска. Прототипите на овој автобус во моментов интензивно се тестираат, а сериската верзија ќе биде претставена во септември на салонот на комерцијални возила во Хановер.

 Mercedes-Benz Citaro Electric

 

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени