| 01.12.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Роботот веќе е подготвен за масовно производство. Прототипот го создаде тим од седум студенти, асистенти и професори од факултет, а инвестиција овозможи инвеститор од Швајцарија. Освен што може да пренесува намирници, роботот ќе може да го следи и здравјето на луѓето, пренесува N1.

Се поврзува со смарт сензори за мерење температура и крвен притисок, ги бележи податоците до кои можат да пристапат доктори. Може да служи за комуникацијата, а лекарствата и намирниците се складираат во мини фрижидер вметнат во роботот. Со него може да се управува преку мобилна апликација.

„Роботот може да се локализира во просторот и да ја знае својата позиција. Може да се движи по собата, да донесува лекови, да служи за послужување кафе, вода, храна. Доколку му се постави чаша вода, роботот го менува движењето за да не ја истури водата од чашата.“, раскажува асистентот Владимир Митиќ.

 
 

 

„Роботот настана според идејата на дизајнерскиот тим од Швајцарија кој сакаше да ангажира развој преку една американска компанија. Подоцна ние се вклучивме во проектот и имавме резултати веќе после шест месеци. Роботот може да се направи за 1 500 евра и при тоа да функционира како што треба.“, вели професорот Горан Ѓорѓевиќ.

  
 

За да ја овозможат изработката на роботот по таа цена која е ниска за стандардите на роботиката, тимот од Ниш сам ги креирал матичните плочи, внатрешниот систем за управување и ја разви целата електроника, драјвери, микроконтролорски плочи и софтвер. Единствено ги набавиле батериите, моторите и сензорите.

До сега се создадени шест робота и сите се во сопственост на инвеститорот кој планира да ги тестира. Иако инвеститорот не е уште откриен, од Ниш откриваат само дека тој планира да започне масовно производство.

 
loading...
 

 

Сите се согласуваат дека овој проект е значајна препорака за нивниот факултет. Планираат да потражат и нови инвеститори со кои ќе склучат соработка за некои од идеите кои веќе ги имаат, како робот за готвење.

(1)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени