| 11.01.2018. ПО СВЕТОТ

Освен што му дијагностицирале оштетување на нервниот систем, поради што сè потешко ги контролира рацете, што и тоа како му пречи при свирењето на гитарата, Клептон боледува и од тинитус.

Легендарниот рок-гитарист Ерик Клептон (72) е свесен дека пред него стојат сè поголеми предизвици, бидејќи му е сè потешко да свири. Иако фестивалот „Бритиш самр тајм“, најавен за 8 јули во лондонскиот Хајд парк, има повеќе од половина година, легендарниот музичар, чијшто настап се очекува со големо нетрпение, признал дека веќе сега има неверојатна трема, а во интервјуто за Би-би-си Радио 2 открил и зошто.

 
 

Здравствени проблеми

Клептон поради извесни здравствени проблеми, се плаши дали воопшто ќе може да го одработи концертот, а притоа да не ги разочара најверните обожаватели.

Освен што му дијагностицирале оштетување на нервниот систем, поради што сè потешко ги контролира рацете, што и тоа како му пречи при свирењето на гитарата, Клептон боледува и од тинитус – зуење во ушите, кое во староста може да доведе и до губење на слухот, а доколку не се лекува, кај некои пациенти, во најлошите случаи, долготрајно предизвикува несоница или депресија.

  
 

– Свесен сум за сериозноста на ситуацијата, но живеам од ден за ден… Среќен сум што сум тука, што можам сè уште да работам… Сè започна со болки во грбот, а тоа со текот на времето премина во периферна невропатија. Тоа е медицински термин за оштетувањето на нервите чиишто последици се слабост и вкочанетост на екстремитетите како и непријатно чувство на печење и трнење – објаснил Ерик.

Повлекување од сцената

Легендарниот музичар рекол дека се помирил со фактот дека неговата состојба нема да се подобри, а почнал да размислува и за повлекување од сцената, барем што се однесува на концертите.

 
loading...
 

– Едноставно не сакам да се посрамотувам пред луѓето што ме сакаат и почитуваат. Ако дојде до најлошото, секогаш ми останува работата и снимањето во студиото – заклучил Клептон.

Музичарот признал дека тешко преминува преку сите непријатности, особено поради тоа што тинитусот го спречува во извршувањето на она во што најдобро се снаоѓа – музиката.

„Се надевам дека луѓето ќе дојдат да ме слушаат, а не да ме видат од љубопитливост. Знам дека делумно ќе биде и поради тоа, бидејќи е неверојатно што сè уште сум тука. Многу е важно луѓето да видат среќен крај па ова ќе биде некој вид простување и искупување. Ако се осмелите да дојдете во јули, подгответе се на грубо возење“, додал Ерик Клептон.

Виртуоз

Британецот е единствениот музичар што трипати бил примен во Рокенрол куќата на славните. Ерик Клептон е рангиран како втор на листата на најголеми гитаристи на сите времињата на магазинот „Ролинг стоун“ и како 53-ти на нивната листа на 100 најголеми уметници на сите времиња.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени