Ако шпанската влада игра на картата на “добриот полицаец“ може да го постави моделот за сите идни референдуми – следејќи ги овие 4 клучни принципи

Додека не дојдов да живеам во Мадрид, немав сфатено дека анимозитетот помеѓу Мадрид и Барселона е со далеку поголеми размери од ритуалниот Ел Класико. Одма да кажам дека сакам Шпанија и Каталонија да најдат начин како да го решат ова прашање.

Во моментов двете страни се соочени со реципрочни ескалации, можна взаемна деструкција и одредени економски и социјални последици. Потегот на шпанската влада да го потврди нејзиното уставно право да ја суспендира автономијата на Каталонија најверојатно нема да обезбеди основа за помирување и стабилен долгорочен пат напред. Подеднакво, годините на граѓанска непослушност до исцрпување од страна на каталанците само ќе ја влошат положбата на Каталонија.

 
 

Значи, тука е предлогот, кој се потпира на некои од добрите и помалку добрите искуства од неодамнешните референдуми во Велика Британија.

Шпанската влада е сега на потег (или попрецизно речено – повторно е на потег). Откако играше лош полицаец во очите на сецесионистичките Каталонци, сега игра добар полицаец. Им ветува на каталонците правен референдум – исто како што Дејвид Камерон му понудил на Алекс Салмонд во договорот од Единбург. Тоа може да се случи за три години, откако ќе бидат направени потребните промени во шпанскиот устав. Тоа ветува дека ако Каталонците гласаат да заминат, Шпанија нема да им застане на свој начин – и ќе го поддржи влезот на Каталонија во ЕУ (критичен за одржливоста на независна Каталонија). Тоа е многу попривлечен предлог од оној ако сами буткаат за излез од Шпанија. Ако Каталоните не ја прифатат таа понуда, а големите банки веќе се релоцираат од Каталонија, тие навистина се на патот кон уништување.

Но, таквиот референдум ќе биде услов за четири точки што ќе мораат да бидат прифатени од Каталонија.

Прво, електоратот. Тој мора да се прошири надвор од луѓето кои моментално живеат во Каталонија. Секој што може да покаже приврзаност кон Каталонија – пораснал таму, бил едуциран таму, таму живеел во изминатите 10 години, на пример – да може да се пријави за гласање.

Ова може само да биде мое искуство за споделување на канцеларија во Лондон со Шкотланѓани, кои беа длабоко огорчени што не можеа да гласаат, но самиот референдум треба да одрази дека станува збор за трајна промена и затоа треба да се вклучат луѓе кои сметаат дека имаат најголем удел во иднината на Каталонија. Заедно со франшизата би требало да се постигне и согласност за цензусот – дали е доволно 50% плус еден.

 
 

Второ, условите за излез треба да се преговараат однапред, па луѓето да знаат за што гласаат. Тоа мора да биде пакет кој е договорен од двете страни. Нема повеќе гласање за вакуум. Дел од тоа ќе биде согласност за остварлива транзиција.

И ова и договорот за франшиза и цензус треба да бидат надгледувани од меѓународен посредник или медијатори. Тие немораат далеку да ги бараат овие медијатори. Мадрид е домаќин на “Клубот на Мадрид” – организација на почитувани постари државници и жени посветени на промовирање на меѓународниот мир. Прашајте ги нив за помош.

Трето, треба да постои и алтернатива на понуда: условите под кои Каталонија евентуално ќе остане дел од Шпанија. Тоа треба да биде понуда од шпанската влада, која треба да го направи тоа јасно прецизирано однапред (да нема потоа паника во стилот на Камерон во сред кампања). Со Брексит терминологија, ова би било “најдобрата алтернатива за напуштање” – нудејќи патита за договорено долгорочно решение, ако одлуката е за “да остане” во рамки на Шпанија. Вклучувањето на претставници од Каталонија во развојот на таа понуда, ќе ја зајакне истата.

 
loading...
 

Луѓето ќе бидат прашани дали сакаат Каталонија да прогласи независност според понудените услови; или остане во Шпанија.

Четврто, спроведувањето на референдумот ќе биде предадено на независна комисија. Една од нејзините улоги би била да ги надгледува информациите и тврдењата што ги користат двете страни. И ќе има многу потешки казни за тврдењата кои се лажни и манипулативни.

Тоа би можело само да го претстави патот по кој треба да се оди. Може дури и да стане модел за справување со идните референдуми насекаде – вклучувајќи ја и Велика Британија, ако некогаш се соочиме со втор референдум за независност во Шкотска.

Џил Рутер

(110)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени