Алкохолот влијае на когнитивните способности, дури и кога веќе го нема во кртва

Утрата по ноќите исполнети со алкохол не се многу пријатни: не сме за ништо, ни пука главата, не боли желудникот, а симптомите често траат и по неколку часа.

Психолозите од Универзитетот во Бат, Англија, откриваат дека мозокот многу поспоро се опоравува од што се претпоставувало. Нивната студија, неодамна објавена во стручното списание „Addiction“ се занимава со истражувањата кои ги анализирале умствените способности неколку часа, еден ден по консумирањето големи количини алкохол.

 
 

Нивниот зкалучок: Намалената способност на когнитивните способнсти се манифестира со послаба концентрација, послабо помнење и успорени реакции и тоа дури и кога алкохолот повеќе го нема во крвта.

Причината, пред се, е во дехидрацијата. Алкохолот е силен деуретик, кој потикнува исфрлање на течности од организмот, дури и четири пати повеќе од што внесуваме. За да се надокнади недостатокот, органите извлекуваат што повеќе течност, амозокот се „бори“ за течноста.

  
 

Ова влијае и на работата на хипофизата, жлездата во мозокот задолжена за регулирање на хормоните. Кога не работи како што треба, невозможно е да ја регулира количината на течности. Мозочните обвивки и мембраната која го обвиткува мозокот и рбетниот мозок се собираат, а дури и најмали промени можат да предизвикаат силни главоболки.

При дехидратација, хранливите материи магнезим, калиум и натриум се исфрлаат од организмот, а тие се неопходни за стабилна когнитивна функција.

Бидејќи роганизмот не може веднаш да го надомести недостатокот, а на мозочнат аобвивка и треба повеќе време да достигне првобитна големина, подолго трае и опоравувањето на мозочните функции.

(28)

loading...

Вашиот коментар