Бил Гејтс со поглед во иднината: Даноци за роботите?

Американскиот милијардер, Бил Гејтс с очекува во иднина даночниот систем да се промени со воведување на специјални даноци на роботи кои ќе овозможат задржување на работните места на луѓето, пренесе ТАСС, цитирајќи интервју за „Никеи“.

„Благодарение на идејата дека роботите ни помагаат да произведуваме повеќе стоки и услуги со учество на помалку луѓе, ние запревме да ја определуваме работата како единственото, за кое сме се родиле“, вели Гејтс, истакнувајќи дека тоа го поставува прашањето за поминувањето на слободното време.

 
 

„Се разбира, јас не велам дека треба вештачки да го забавуваме процесот на автоматизација“, истакна милијардерот. Сепак, според него, луѓето не треба да бидат целосно сменети од своите работни места.

„Основната идеја на оданочувањето е дека можете да го оданочувате капиталот или работната сила, а роботот е вид капитал. Сега постојат голем број на даноци на работната сила, на пример на доход, но со текот на времето луѓето ќе сакаат да го стимулираат создавањето на работни места и најверојатно ќе имаме разни одбивања и субвенции за зголемување на побарувачката за обичните вработени“, рече милијардерот.

  
 

Според него, данокот на капитал и друг имот, вклучувајќи и роботи, ќе се зголеми во иднина. Тоа нема да бара забрана на производството на човекоподобни роботи и организацијата на производството, во кое учествуваат. Сепак, даночниот систем ќе биде структуриран така што претприемачите ќе сакаат да размислат за ангажирање луѓе.

„Системот всушност нè турка во спротивна насока“, рече основачот на „Мајкрософт“.

(6)

loading...

Вашиот коментар