(Видео) Град стар 12 илјади години наскоро ќе исчезне под вода

Неолитските пештери, градбите со карактеристична боја на мед и минарињата од 15. век кои ги красат живописните улици на град што важи за „жив музеј“ засекогаш ќе исчезнат под вода, пренесуваат турските медиуми.

Со цел да се спаси сè што може од овој историски град, Турците веќе преселиле амам од 12. век тежок 1 500 тони, а покрај древните бањи од загрозениот град Хасанкејф се преместуваат и други споменици, на безбедна локација оддалечена околу три километри.

 
 

Градот стар 12 000 години се наоѓа на брегот на реката Тигар во турската провинција Батман. Експертите предвидуваат дека ќе исчезне до крајот на годинава поради поплава, како резултат на изградба на брана што е започната пред 12 години, а е дел од проект за создавање на хидроелектрани и индустриски зони, со цел зајакнување на образовните и инфраструктурни ресурси во регионот.

  
 

Хасанкејф се наоѓа на нешто помалку од 100 километри од браната, а се предвидува дека во рок од неколку месеци ќе се наоѓа 60 метри под површината на водата.

(97)

loading...

Вашиот коментар