Викендичка под земја полна со вино

Осумдесет и тригодишниот Иван Шафариќ со синовите и пријателите во 1977 година изградил подрум под земја и над него засадил лозје. Во овој подрум полн со вино сите сакаат да се веселат, бидејќи нема сигнал за мобилен телефон и има одлична изолација.

 
 
Скриениот подрум се наоѓа во близина на Чаковец во Меѓумурската жупанија во Хрватска. Сопственик освен што во него чува вино, скриено неколку метри под земја, тој често се користи како ,,викендичка” каде гостите доаѓаат да уживаат и да се забавуваат.

Оваа градба е уникатна во целиот крај. Сопственикот вели дека често добивал понуди да му ја купат, но дека тој е решен да ја остави на неговите синови да уживаат во неа.

(377)

  
 
loading...

Вашиот коментар