Во Африка ќе бидат пуштени првите генетски модифицирани комарци

Истражувачите најавиле дека добиле дозвола од власта на Буркина Фасо да пуштат генетски модифицирани комарци. Ова е дел од долгорочниот план за искоренување на видовите што ја пренесуваат маларијата. Ова ќе биде првото пуштање на каков било генетски модифициран животински вид во Африка.

Маларијата се проширува кога паразитите ги заразуваат комарците, а потоа тие им ја пренесуваат на луѓето. Според Центарот за контрола и превенција на болести, само во 2016-та година умреле 445.000 луѓе од маларија, а поголемиот дел биле деца од Африка. Ако се ослободиме од тој одреден вид комарци, или барем го намалиме нивниот број, би се намалил и бројот на случаи со маларија.

 
 

Комарците што истражувачите планираат да ги ослободат ќе бидат машки и генетски модифицирани да бидат стерилни. Целта на овие комарци не е да ја искоренат маларијата, туку да им помогнат на локалните жители да ѝ веруваат на научната заедница.

Ако успеат да ја постигнат целта, истражувачите во Буркина Фасо, како и во Мали и во Уганда се надеваат да ослободат и други генетски модифицирани комарци. За разлика од првите, овие комарци ќе бидат генетски изменети за да носат мутации чија цел е да ја намалат популацијата. Гените ќе ги пренесуваат на нивните потомци.

  
 

Никој го нема направено ова, и тоа со добра причина – премногу е ризично. Ако ослободувањето на стерилните комарци заврши со неочекувани последици, едноставно може да се чека комарците да изумрат. Но штом ќе се ослободат комарци кои можат да се размножуваат, нема начин да се поврати потенцијалната штета. Но кога ќе се земе предвид бројот на жртви од маларија, можеби вреди да се направи овој ризик.

(92)

loading...

Вашиот коментар