Во земјите на ЕУ жените се подолговечни и помногубројни од мажите

Во сите земји во ЕУ жените живеат подолго од мажите, а истовремено се и помногубројни, покажува најновото истражување на Евростат.

Како што се наведува во студијата на европското статистичко биро, на 100 мажи има 105 жени, а најголема диспропорција има во Латвија, каде што живеат дури 18 отсто повеќе жени од мажи, и во Естонија каде што на 100 мажи има 113 жени.

 
 

Очекуваниот животен век на жените во ЕУ е 83,3 години, додека просечниот животен век на мажите е 77,9 години, иако постојат големи континентални разлики.

За илустрација, жените во Латвија и во Литванија живеат речиси цела деценија подолго од мажите, додека жените во Данска, Ирска, Шведска и во Холандија живеат четири години подолго од мажите.

  
 

Освен што жените живеат подолго од мажите, тие и порано го напуштаат домот на родителите, подоцна се вработуваат и ја преземаат грижата за децата и домаќинството.

Домашните обврски најмногу ги споделуваат двојките во Шведска и во Словенија.

Кога станува збор за готвење, европските статистичари пресметале дека дури 80 отсто од жените и речиси третина од мажите секојдневно се занимаваат со приготвување храна.

Во кујната најмалку се вложуваат Грците и Италијанците, дури секој десетти, споредено со 50 отсто од Швеѓаните.

Што се однесува до здравјето на Европејците, нездравите навики се почести кај мажите, односно четвртина од мажите и речиси 16 отсто од жените секојдневно пушат, а најголем број пушачи живеат на Кипар и во Австрија.

Малигните тумори, срцевите и мозочните удари се најчеста причина за смртност во ЕУ, а од нив најчесто страдаат мажите.

Податоците за професионалниот живот покажуваат дека жените во просек добиваат прво работно место на 23-годишна возраст, односно една година подоцна од мажите, а во пензија заминуваат на 58,8 години, односно една година порано од мажите.

Се наведува и дека во ЕУ 33 % од жените се менаџери, односно најголем број во Латвија, 47 %, а најмалку во Луксембург, 18 %.

(8)

loading...

Вашиот коментар