Во Лондон има 8 милиони дрвја, но властите ќе садат уште за да го направат градот национален парк

Градските власти во Лондон имаат намера да засадат околу 40 илјади дрвја на територијата на англиската престолнина.

Како што е објавено на фејсбук-страницата на Светскиот економски форум, целта на ваквиот потег е да се направи Лондон град – национален парк.

 
 

Властите сметаат дека дрвјата имаат голема улога во заштитата на здравјето на жителите бидејќи драстично го намалуваат загадувањето.

  
 

Во Лондон во моментов има околу 8 милиони дрвја, со што дури една третина од територијата на градот е зелена површина, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Според некои истражувања, со секоја фунта што се вложува за засадување дрво, Велика Британија заштедува по седум фунти во секторите здравство и животна средина.

(16)

loading...

Вашиот коментар