Во стилот на Iron Man: Прв костим за летање на млазен погон

Некогашниот трговец, Ричард Браунинг, пронаоѓач и основач на компанијата „Gravity Industries“, ги демонстрираше речиси неверојатните способности на својот нов производ – костим за летање на млазен погон.

Костимот се состои од делови испечатени во 3Д технологија, а се движи со помош на пет млазни мотори, кои се наоѓаат на рацете и грбот на пилотот. Самиот дизајн е инспириран од Iron Man, суперхерој од универзумот на Марвел.

 
 

Во разговор за медиумите, конструкторот го објасни својот производ.

  
 

„Костимот троши околу четири литра гориво во минута, додека лебди и може да лета околу три до четири минути. Кога времето е поладно неговиот притисок е поголем, па тогаш е возможно да се лета околу девет минути. Тоа е нешто на што и понатаму работиме, со цел за да го унапредиме“, вели Браунинг.

Костимот е претставен пред публиката во Лондон, односно токму пред продавницата каде и ќе се продава. Сите заинтересирани купци, токму таму ќе можат и да ја тестираат виртуелната верзија на овој костим за летање.

„Изненадувачки е мирно. Делува многу пасивно и нежно при лет“, заклучува Браунинг.

Цената на овој единствен производ не е мала, ниту за поголемиот дел од оние кои можат да си го дозволат костимот, и изнесува 340.000 фунти, односно 443.000 долари.

На оние кои ќе го купат, ќе им биде обезбеден и тренинг, на кој ќе можат да научат како правилно да го користат, пишува „The Independent“.

(13)

loading...

Вашиот коментар