Германските пожарникари се обучуваат како да извадат заглавени секс играчки

На смеинар во Дрезден под името „Механички незгоди“ шестотини пожарникари учеле како сигурно да отстранат секс играчни и разни други сексуални помагала.

Пожарникарите во Германија минуваат специјална обука на која учат како да помогнат при незгоди со секс играчки. На овој помалку бизарен курс пожарникарите ќе учат како да отстранат заглавени прстени на пенисот или да извлечат предмети од аналниот отвор.

 
 

Курсот е организиран поради се поголемиот број итни повизи од мажи чии сексуални играчки заминале во несакана насока. Така на пример во една од итните интервенции пожарникарите помагале на човек чиј пениз се затнал во шише, додека во друг инцидент помагале на човек кому во мочниот канал му се заглавила игла.

  
 

На семинарот во Дрезден под името „Maschinenunfaelle“ (Механички незгоди“ совладани биле техники за безбедно отстранување секс играчки и други помагала од разни делови на телото. Така 600 пожарникари, меѓу другото, присуствувале на демонстрација на која се учеле како со брусалка да отстранат ерекциски прстен од пенисот.

При показните вежби, машкоста од искрите е заштитена со прекривач кој служи како штит и паста за спречување на изгореници која може да апсорбира загревање до 4.000 степени.

(41)

loading...

Вашиот коментар