Гугл сними мистериозен објект на брегот на Грција: Луѓето збунети, никој не знае какво чудо е ова!

Гугл Ерт (Google Earth) сними непознат објект крај брегот на Грција, но никој не е во состојба да го идентификува. Објектот е кружен, со пречник од 67 метри, а на него се наѕираат неколку симетрични помали кругови.

Јасно се гледа под површината на морето, а се наоѓа само на неколку метри од брегот Мичанионе кај Солун. На снимката се наведува дека кооридинатите му се 40°27’4.62″ географска ширина и 22°51’39.78″ географска должина.

 
 

Снимката на Disclose.tv ја објави еден корисник на апликацијата Гугл Ерт, а веднаш и почнаа негодување што се крие длабоко во водата. Најмногу корисници на социјалните мрежи сметаат дека станува збор за некогашен светилник, а некои дека е вулкански кратер.

  
 

„Ова е чудно. Теренот изгледа опасно, длабоко е. Ништо во оваа област ниту одблизу не изгледа како тој објект. И обликот му е многу симетричен. Постои пристаниште недалеку на север. Дали е можно да е поврзано со оваа структура“, се прашува еден.

Со оглед на тоа што објектот е релативно близу до брегот, многумина се чудат како досега никој не го видел ниту наидел на него.

(227)

loading...

Вашиот коментар