Дали гените се причината за настанувањето на менталните болести?

Една од најголемите невистини во врска со развојот на една личност, е верувањето дека нашиот карактер зависи 100% од нашите гени. И покрај тоа што гените имаат улога во развојот на личноста, сепак факторите на коишто сме подложни во нашата животната средина, се најважното нешто коешто го оформува и дефинира карактерот.

Верувањето дека вие не можете да бидете подобра верзија од себеси, под изговор дека „немате добри гени“ или затоа што чувствувате дека не можете да го подобрите вашето однесување затоа што гените би ве ограничиле во остварувањето на таа цел, е сосема погрешен начин на размислување. По пат на учење како правилно да се справуваме со надворешните влијанија на коишто сме изложени во текот на целиот живот, ние можеме да го обликуваме нашиот карактер, на начинот на којшто посакуваме.

 
 

Поврзаноста меѓу нарушувањата на личноста и гените
Некои луѓе одат толку далеку со овие лажни убедувања, верувајќи дека тие имаат недостаток од самодоверба зашто што немаат такви гени или пак сметаат дека се чувствуваат инфериорно зошто им недостига некој конкретен ген. Доколку и вие сте дел од таа група луѓе, имаме добри вести за вас: сите овие верувања, се само митови со коишто на некој начин сте се здобиле, во текот на животот. Едноставно, разните животни искуства низ коишто поминуваме во текот на нашите животи, може да бидат главната причина којашто стои зад нашиот недостаток на самодоверба и чувството на пониска вредност во однос на останатите.

Важно е да запомните дека никој од нас не се родил инфериорен или без самодоверба. Гените немаат никаква поврзаност со овие состојби. Ситуациите со коишто сте се соочиле во животот, довеле до тоа да се чувствувате сега така. Токму поради тоа, проблемите од овој тип, честопати се нарекуваат „нарушувања на личноста“. Нормалната, вообичаена состојба на умот е чувството на самодоверба, а не обратното сценарио.

  
 

Генетските тенденции и проблемите со идентитетот
Доколку читате психолошка литература, тогаш сигурно досега сте се сретнале со терминот „генетска тенденција“. И покрај тоа што многу луѓе имаат генетска предиспозиција да развијат одредени психолошки растројства, тие никогаш не би страдале од нив, доколку подобро управуваат со животните проблеми.

Дали сте знаеле дека повеќе од 300 милиони луѓе ширум светот, од различна возраст страдаат од депресија? За жал, многумина имаат тенденција да се депримираат, кога се соочени со пролонгиран стрес. Меѓутоа, тука е важно да се потенцира дека доколку некои од овие луѓе научат како подобро да се справуваат со стресот, тие нема да завршат во депресија, дури и ако имаат генетска тенденција за психолошки нарушувања.

Дали гените се причината за настанувањето на менталните болести?

Други луѓе пак, ја носат оваа проблематика на уште поразлично ниво и доаѓаат до заклучоци дека депресијата е предизвикана исклучиво од генетиката и поради тоа, тие секогаш препорачуваат медикаменти за луѓето коишто страдаат од ова растројство, без да понудат никакви други можни солуции.

Сигурни сме дека и вие, исто како и јас, сте ја слушнале реченицата „Јас сум биполарен/на“ повеќе од еднаш во животот, без разлика дали било кажано како шега или не. Луѓето коишто кажуваат вакви работи, не мислат дека имаат некое конкретно ментално нарушување, туку тие веруваат дека нивниот идентитет и нарушување, се едно исто. Овие луѓе не велат дека се депресивни, туку биполарни, небаре го поврзале ова растројство со самите себеси и со нивната личност.

Многу луѓе исто така, веруваат дека срамежливоста е карактерна особина, но и покрај тоа што одредени истражувања ја поврзуваат срамежливоста со генетиката, сепак голем број фактори треба да се земат во целина, за да се појави срамежливост кај една личност.

Не ја обвинувајте генетиката за психолошките проблеми
Немојте да бидете плен на овие митови и не го блокирајте вашиот личен развој поради ваквото ограничено верување. По пат на игнорирање на вашите моментални карактерни особини, вие секогаш ќе можете да се подобрувате себеси во секоја смисла на зборот и да станете среќна личност.

Сè што треба да направите за да дојдете до таа состојба на умот, е да донесете одлука, а потоа да направите сè што знаете и умеете, за да ја претворите ваквата одлука во план којшто страсно ќе го спроведувате. Дури тогаш, самите ќе ги забележите позитивните резултати кои ќе произлезат од таквото однесување.

(17)

loading...

Вашиот коментар