Десет застрашувачки теории за крајот на светот кои ги предвидува религијата

Помислата за крајот на светот ги плаши многумина, а овие предвидувања постојат стотици години. Најмногу од нив потекнуваат од религијата.

Теоријата на Будизмот – 7 сонца
Различно од другите сценарија за апокалипсата, будизмот прикажува една поинаква теорија – светот ќе биде уништен во 4600 година, многу подоцна од нашиот животен век, но сепак многу побрзо отколку што би посакале. Пред апокалипсата, човештвото ќе се судри со огромен пад на моралот и буквално човек ќе гони човек со мечови во раце. Животниот век исто така ќе падне на најниско ниво со траење од 10 години. Тогаш ќе пристигне „Мајтреја“ и ќе донесе просветлување на живите. После тоа, 6 сонца ќе се појават на небото, едно по едно. Така, секоја следна ѕвезда ќе предизвикува се повеќе уништување и од планетата ќе остане само огромна огнена топка.

 
 

Теоријата ја Јудеизмот – Враќање на мртвите
Како и во другите религии, така и во Јудеизмот се верува дека човечката душа преовладува во смртното тело и кога ќе умреме му се придружува на Господ. Но, според теоријата Господ ни ги обновува телата и ги враќа нашите души во нив. Пред да се случи тоа, еврејски водач ќе го освои Израел и ќе стане самопрогласен Месија. Со тоа, секоја друга религија ќе опадне и кралот на Израел ќе биде препознаен како единствен врховен Бог. Се вели дека тогаш планетата ќе капитулира на катаклизмичен начин. Така, секој починат ќе биде воскреснат и секоја душа ќе биде судена врз основа на нивната религија. Кога Господ ќе види дека минатиот свет бил исполнет со маани, тој ќе создаде нов свет и нов рај.

  
 

Теоријата на Ацтеките – Бескрајното соларно помрачување
Многу луѓе веруваат дека светот ќе згасне кога астероид ќе ја удри површината на Земјата или пак ќе се појави вирус од кој ќе изумре цела планета. Но, што ако Ацтеките имале право, со тоа што верувале дека сонцето ќе згасне? Ацтеките живееле на денешната територија на Мексико, меѓу 14 и 16 век. Нивните астролози биле стигнати многу далеку со пронајдоците и предвидувале кога ќе дојде до помрачување со голема  точност. Толку биле опседнати со соларните настани, што развиле верување дека ќе дојде до бескрајно помрачување на сонцето што ќе предизвика вечна темнина и студ. Во обид да го одржат сонцето, Ацтеките жртвувале огромен број на човечки животи.

Теоријата на Зороастризмот – Глобален оган
Како и многу други религии, Зороастризмот учи дека последната битка ммеѓу доброто и злото ќе биде пред судниот ден. Според нивните верувања, светот бил создаден во целосно добро, но бил расипан од злото. Како што ќе наближуваат последните дни, доброто ќе го победи злото, па Земјата ќе се врати во првобитната состојба. Тогаш мртвите ќе станат со телата што го поседувале пред да починат и судниот ден ќе започне. Секое човечко битие ќе биде изложено на преиспитување на неговите мисли, зборови и дела за да се реши дали ќе страда или не. Така, секој метал и железо ќе биде стопен во масивен бран на лава. Тие што не грешеле нема да почувствуваат ништо, но грешниците ќе се стопат во лавата, повлечени во пеколот.

Нордиската теорија – Рагнарок
Во нордиската митологија, апокалипсата не само што го носи крајот на човештвото, туку и крајот на сите богови. Рагнарок ќе ги види боговите познати како Аезири и ќе набљудува како се борат со гигантите. Двете страни ќе се уништат меѓусебно, а борбата ќе ја остави Земјата опустошена. Огромни природни катастрофи како цунами ќе го проголтаат копното, отров ќе паѓа од небото, а сонцето и месечината ќе згаснат. Цело човештво ќе изумре, оставајќи зад себе само двајца луѓе, маж и жена кои ќе ја имаат задачата повторно да ја населат Земјата. Преостанатите богови ќе си изградат нов дом додека го набљудуваат новиот свет.

Теоријата на Исламот – Пад на моралот и хаос
Пророштво опишано во детали во „Хадид“ вели дека е поврзано со пророкот Мухамед и раскажува за денот на пресметка, кога ќе настапи и уништување и воскреснување. Деновите пред апокалипсата ќе бидат исполнети со насилство, анархија, предавство и секусална неморалност, проследени со бројни природни катастрофи. „Даджаљ“, исламската верзија на антихристот ќе се бори со Исус, и Исус ќ триумфира. Така, по Земјата ќе се шири сладок мирис и ќе ги покрие сите верници, а сите неверници ќе бидат оставени да страдаат. Мртвите ќе станат и огромен пожар ќе се прошири низ површината на планетата, каде што одново ќе им се суди.

Теоријата на племето Хопи – Сударот на сината ѕвезда
Според индијанското племе Хопи, ги живееме последните денови на така наречениот четврти свет. Духовните старешини дале многу предвидувања кои се оствариле во последните години, како атомската бомба и климатските промени. Тие велеле дека се движиме кон петтиот свет, што значи крај на животот. Пред денот на прочистувањето, сина ѕвезда ќе падне од небото и ќе го одбележи деветтиот и последниот знак дека се ближи крајот. Крајот ќе се манифестира или преку мраз или преку оган. Уште едно верување на Хопите е дека земјата ќе биде уништена од залетана комета.

Теоријата на Христијанството – Вознесение
Иако одредени делови од Библијата раскажуваат за љубовта и вербата, има одредени делови кои ви се чини како да се извлечени од хорор филмови. Во Новиот Завет, крајот на светот е опишан до детаљ. Земјата ќе е опустошена со пристигнувањето на четирите коњаници на апокалипсата. Земјата ќе биде потресена од страшен земјотрес, придружен со грмотевици, пред да настане огнена бура на дожд. Целиот пекол ќе биде ослободен и реките ќе станат отровни и ќе се прелеат, а скакулци со човечки лица кои се довлекле од пеколот ќе се хранат со преостанатите човечки битија. Водата ќе се претвори во крв, а сонцето ќе ја спржи Земјата.

Теоријата на Мормоните – Исус ќе го посети Мисури
Мормоните, следбеници на Исус Христос, веруваат дека ќе бидат сведоци на следното доаѓање на Христот во некој период од иднината. Пред да се појави, ќе има зголемен број на природни катастрофи, како урагани, земјотреси и поплави. Ќе се зголеми и бројот на катастрофи предизвикани од човекот со тероризмот, геноциди и глобални војни. Како што ќе се шири хаосот, Христос ќе пристигне и ќе го возобнови мирот на веќе разрушената планета и ќе владее од т.н. „Нов Ерусалим“. Мормоните веруваат дека седиштето ќе биде во Мисури. Тој ќе ги раздели лукавите од праведните и тогаш светот ќе биде расчистен со оган.

Теоријата на Хиндуизмот – Циклични ери
Според Хиндуизмот, нашиот универзум е далеку од првиот и секако нема да е последен. За тоа се заслужни три богови кои обновуваат нови универзуми: Kреација, Зачувување и Деструкција. Прво Брама го создава универзумот од каде што доаѓа човештвото, потоа богот Вишну се грижи за зачувување на новосоздадениот свет и на крај Шива го уништува, само за да почне одново создавањето. Но пред Шива да го елиминира универзумот, се верува дека човештвото ќе стане алчно и злобно. Ќе краде, ќе лаже и ќе убива. Тоа ќе трае се додека не пристигне аватарот на Вишну, Калки, вооружен со огромен меч и јавајќи бел коњ. Калки ќе ги казни најгрешните и тогаш ќе настапи крајот на човештвото.

(305)

loading...

Вашиот коментар