Децата на пушачите почесто умираат од белодробни заболувања

Пасивното пушење во детството го зголемува ризикот од белодробни заболувања, покажуваат резултатите од студија спроведена во САД. Децата, чии родители се пушачи, почесто умираат од хронични белодробни заболувања, предупредуваат научниците.

Новата студија, чии резултати се објавени во American Journal of Preventive Medicine, е спроведена на повеќе од 70.900 возрасни непушачи кои биле испитани за изложеноста на чад од цигари во текот на нивното детство. Последиците од пасивното пушење цигари во детството е смрт на 7.000 до 100.000 возрасни непушачи годишно.

 
 

Ризикот за мозочен удар е поголем од 23%, додека изложеноста на чад од цигари во текот на девет или повеќе часови неделно го зголемува ризикот од смрт од исхемиски болести на срцето за 27%. Ризикот од хронични опструктивни белодробни болести е зголемен за 42% во однос на луѓето кои живееле со непушачи.

Експертите советуваат дека најдобар начин да ги заштитие децата од лошите последици е да престанете со пушење цигари.

  
 

„Ова е прва студија со која се идентификува поврзаноста меѓу изложеноста на цигари во детството со пасивното пушење и смртта од хронично-опструктивни белодробни заболувања во средните години“, објаснува д-р Рајан Дајвер, еден од авторите на студијата.

(8)

loading...

Вашиот коментар