Домашен ликер од малини од само три состојки

Малините се летно овошје кое е богато со витамини и хранливи, но и лековити состојки благодарение на кои се контролираат ревматските болки, холестеролот, метаболизмот и работата на цревата.

Исто така, нивниот вкус може да послужи и за уживање, во форма на ликер.

 
 

Потребни ви се еден и пол килограм малини, еден килограм шеќер (според желбата, зголемете ја или намалете ја количината) и еден литар домашна ракија.

Малините треба да се измијат со ладна вода и да се остават да се исушат. Во голема тегла најпрво ги ставате малините, па шеќерот и на крај залевате со ракијата. Добро затворената тегла се чува на ладно и темно место два месеца. Најмалку еднаш дневно треба да ја протресете теглата, особено во првите денови, за убаво да се измешаат состојките.

  
 

По два месеца, прецедете ја содржината и од малините истиснете ја сета впиена содржина. Откако ќе се прецеди ликерот, префрлете го во стаклени шишиња и добро затворете ги. Оставете да отстои уште 30 дена, па потоа можете да го консумирате.

(83)

loading...

Вашиот коментар