Еве што ќе се случи доколу сите луѓе одеднаш исчезнат од Земјата

Дали некогаш сте се запрашале што ќе се случи доколку луѓето исчезнат од Земјата? Одговор на ова прашање се обиде да даде екипата која стои позади Фејсбук страната What if.

На Земјата живеат повеќе од 7,6 милијарди луѓе, а тој број секојдневно се зголемува. Иако сме склони кон величање на нашата важност, влијанието кое ние го имаме на планетата најлесно ќе го разбереме доколку се запрашаме што ќе се случи доколку не нема.

 
 

За неколку секунди
Кога сите луѓе одеднаш би исчезнале од Земјата, во истиот момент би настанал хаос. Авионите би паднале, возови би излетувале од шините, сите автомобили би се судирале бидејќи нема возачи во нив.

За еден час
По еден час би почнало масовно замрачување на светот. Електраните кои ја произведуваат струјата од фосилни горива, би престанале да работат и без човечки надзор не би функционирале ни оние кои работат на движење на ветрот или водата.

  
 

По еден ден
Следниот ден веќе автоматски бе се исклучиле погоните во нуклеарните електрани и така светот во потполност би останал без електрична енергија.

По три дена
Третиот ден лондонскиот Биг Бен би откуцал за последен пат, бидејќи за да работи, потребно е да се навива секој трети ден. Улиците би биле полни со животни. Домашните миленици и животните од зоолошките градини или би се ослободиле или би останале да изумрат од глад.

По десет дена
По десет дена би попуштиле и сигурносните мерки во нуклеарните електрани и би започнале експлозии. Притоа, би се ослободила и токсична радијација низ планетата. Животните кои живеат во погодените предели би изумреле, а оние на подрачјата кои се поодалечени од електраните веројатно би преживеале. Добитокот и домашните животни би се повлекле во планините, супермаркетите би биле полни со глувци и стаорци.

По неколку години
По неколку години градовите какви што ги познаваме денес би почнале да изгледаат како тематски паркови. Радијацијата би се расчистила, а вегетацијата би почнала да расте по улиците и зградите. Се би било прекриено со мов.

По триесет години
За триесет години сателитите кои сме ги лансирале да ја истражуваат вселената, би се вратиле на Земјата, но не би имало никој кој би можел да ги искористи собраните податоци. Куќите би почнале да се рушат, а пределите кои се близу море, би биле целосно потопени од водата.

По четириесет години
Глобалното затоплување би се продолжило уште четириесет години и по нашето исчезнување.

По шеесет години
По шеесет години морскиот свет би се опоравил од претераното ловење.

По 150 години
По 150 години урбаните делови би се вратиле во првобитната состојба. Лондон би станал мочуриште, во Ванкувер од снегот би изникнале само костури од високите згради, а Лас Вегас би изгледал како голем песочен замок.

По 230 години
По 230 години од нашето исчезнување билките би го искористиле секој вишок од јаглероден диоксид од атмосферата. Шумите би го преземале поголемиот дел од Северна Америка, а единствен знак дека таму некогаш живеела цивилизација, би биле остатоците од железо и пластика.

По 500 години
По 500 години шумите би биле поздрави од тоа што биле пре 10 илјади години, а природата би ја избришала секој трага од човечкото постоење.

(110)

loading...

Вашиот коментар