Еврејски град го менува името за да се разликува од познатиот „двојник“ од Библијата

Градоначалникот на Назарет Илит во Галилеја на северот од Израел има намера да го смени името на градот, кој се наоѓа веднаш до библискот Назарет, со цел да се избегне забуната кај посетителите.

„Дојде време Назарет Илит да добие независен идентитет и да стави крај на конфузија помеѓу нас и соседниот Назарет“, рече градоначалникот Ронен Плот, најавувајќи дека претстојниот Божиќ е последениот на кој туристите што патуваат во Назарет по грешка ќе завршат во неговата канцеларија.

 
 

Според христијанското верување, семејството на Исус Христос потекнува од Назарет, каде што Архангел Гаврил и најавил на Девицата Марија дека ќе го роди Исус. Според преданието, во овој град Исус го минал поголемиот дел од својот живот.

Општинските власти на Назарет Илит соопштија дека конфузијата трае уште од 1956 година, кога првиот израелски премиер Давид Бен-Гурион одлучил новоформираниот град да биде именуван Киријат Назарет, за подоцна името да се промени во Назарет Илит (Горен Назарет).

  
 

Жителите истакнуваат дека Назарет Илит и Назарет се два одделни града и покрај тоа што еден од друг се оддалечени само три и пол километри и имаат слично име.

„Назарет е најголемиот арапски град во Израел, а Назарет Илит е најголемиот еврејски град во Галилеја“, рекол Плот објаснувајќи дека двата града имаат сосема различен карактер и идентитет и дека забуната мора да се коригира еднаш засекогаш.

Назарет, кој има 75.000 жители, претежно муслимани или христијани, е едно од главните места кои ги посетуваат христијанските аџии.

(11)

loading...

Вашиот коментар