Експертите потврдија: Фреди Меркјури е најдобриот пејач на сите времиња

Меѓународен тим на експерти, составен од членови од Шведска, Чешка и Австрија објавија истражување со кое докажуваат дека легендарниот британски пејач, Фреди Меркјури е најдобриот пејач на сите времиња.

Податоците од стражувањето се објавени во списанието „Логопедикс Фониjатрикс Воколоџи“, а во нив, меѓудругото, се наведува дека просечната фреквенција на неговиот глас била 117,3 херци. Иако тој важел за тенор, стручните лица заклучиле дека тој всушност бил поблиску до баритон.

 
 

Фреди Меркјури е роден на денешен ден 1946 година во Занзибар, а почина во 1991., по компликации со СИДА-та од која боледуваше. Беше основач и член на рок-групата „Квин“, формирана 1970 година.

(41)

  
 
loading...

Вашиот коментар