ЕУ предвидува лоша иднина за биткоин

Извештај на тема конкуренцијата на финтек пазарот, порачан од Комисијата за економски и монетарни политики кон Европскиот парламент, која од своја страна ја надгледува политиката на Европската централна банка, открива дека комерцијалните и централни банки кои планираат издавање свои криптовалути, можат да се претворат во лоша вест за криптопазарот.

„Појавата на криптовалути, промовирани од банки, дури и од централните банки, ќе ги преуреди сегашните нивоа на конкуренција на криптопазарот, бидејќи ќе го зголеми бројот на учесниците во него“, пишува во извештајот.

 
 

„Пазарната моќ на банките во традиционалните банкарски услуги може да се користи за ограничување на конкуренцијата на криптопазарот преку превентивни придобивања или предаторски ценовни шеми“, пишува во извештајот.

Централните и комерцијални банки можат да влијаат на цената на биткоин и другите криптовалути преку блокирање на пристапот до нив или до електричните паричници, кои се користат од страна на корисниците.

  
 

Извештајот, кој освен криптовалутите ја разгледува и конкуренцијата меѓу банките, берзанските посредници, осигурениците итн, наведува дека постои голем ризик за биткоин како резултат од недостатокот на конкуренција во индустријата за „копање“ на виртуелни валути. Вкупно 79% од копањето се реалзиира во само 5 „рудници“ ширум светот.

Извештајот на ЕУ доаѓа по анализа, изготвена од Бордот за финансиска стабилност, кој минатата недела откри дека биткоин и останатите криптовалути не носат во моментов материјален ризик за глобалниот финансиски систем.

(5)

loading...

Вашиот коментар