Занимливости кои можеби не сте ги знаеле за најголемата земја на светот

Фактот дека Русите се посебен народ го знаеме одамна, а сепак не прекинуваме да им се восхитуваме на величината и разновидноста на земјата во која живеат.

Иако се чини дека нема работи што не ги знаеме за Русија, сепак треба да повториме некои интересни факти за оваа величествена земја.

 
 

– Русија е единствената држава на светот која ја заплискуваат 12 мориња.

– Планинскиот синџир Уран, кој ја дели Русија на европски и азиски дел е најстариот планински синџир на светот.

  
 

– Санкт Петербург е најсеверниот град на светот, со популација поголема од милион жители.

– Површината на Сибир изнесува 9,7 милиони квадратни километри.

– Периодот за чекање на два воза во метро во Москва е пократок, во однос на кој било друг град во светот. Во најголемата гужва, следниот воз се чека максимално 90 секунди.

– Не така одамна, Москва беше дом за најмногу милионери во светот.

– Градот Суздал се простира на само 15 квадратни километри, а има 10 илјади жители и 53 цркви.

– Русија има најмалку 15 тајни градови, кои не се прикажани на картите и до кои нема патоказ.

– Секој владател од династијата Романов, на својот наследник му оставал поголема држава, отколку таа што ја добивал во времето на своето владеење.

– Градскиот парк во Москва е најголем од сите останати паркови во светот, поточно шест пати поголем од познатиот Central Park во Њујорк.

– Русија се смета за европска држава, иако 2/3 од нејзината територија се простираат во Азија.

(67)

loading...

Вашиот коментар