Зошто некои луѓе преживуваат удар од гром, а некои не?

Едно облачно попладне во средината на јули минатата година, се слушнал заглушувачки бум на саемот во Ел Пасо, Колорадо. Во центарот на метежот лежела една жена, свртена на грб, нејзината кожа во хаос во сина и виолетова боја. Нејзините гради биле мирни. Првата помош реагирала на местото на настанот, прицврстувајќи и маска за кислород врз безживотно лице и давање на вештачко дишење. По неколку напнати моменти, градите почнале да се креваат и да паѓаат сами. Таа штотуку преживеала удар од гром.

Општо земено, ќе си мислите дека кога ќе ве шлапне гром со 300 милиони волти електрична енергија што прска надолу од небото, ќе ви ги преврти органите од внатре, но изненадувачки, дури 90 проценти од луѓето кои се погодени од молња преживуваат за да ја раскажат приказната. Всушност, шансите да бидете погодени од молња во било која дадена година, се некаде околу 1 во 1,2 милиони – многу подобри шанси отколку да умирете во сообраќајна несреќа.

 
 

Сепак, кога ќе размислите што всушност громот му прави на човечкото тело кога ќе го удри, се чини дека е невозможно некој да преживее. Покрај тоа што содржи доволно електрична енергија за напојување на 6.000 електрични пиштоли, молњата исто така го загрева околниот воздух и до 27.000 степени целзиусови – над 22.000 степени поголема топлина од површината на Сонцето.

Па, како тогаш 240.000 луѓе ширум светот преживуваат од удар на молња секоја година и ја мамат смртта?

  
 

Преживувањето, се сведува на комбинација од добро планирање и чиста среќа. Не сите удари на гром се слични. Некои удари ќе патуваат низ повисоки објекти, како дрва, потоа се спуштаат во земјата и се пренесуваат на минувачите во близина. Другите удираат во земјата, ги шират своите струи низ корените, а потоа скокаат нагоре низ нозете на луѓето. А оние најсмртоносните – тие удираат надолу, како копја, директно врз луѓето.

Кога струите се принудени да минуваат низ други материјали пред да електрифицираат тело, нешто од нивната оригинална енергија и топлина се губат, што донекаде го ублажуваат последниот удар. Затоа, не е за изненадување, фактот што најлошите од ударите се директните удари, кои оставаат нешто повеќе кај луѓето од изгореници на површината на кожата. Ги прекинуваат кардиоваскуларните и нервните системи на телото, кои се потпираат пак на сопственото електрично сигнализирање на телото за да функционира. Додека тие претставуваат несомнено, тешки физички повреди, технички, не се смртоносни ако не ја запрат целосната функција на телото. А, тоа е изненадувачки тешко да се постигне.

10 проценти од луѓето што умираат од гром, умираат на брутален начин, во електричниот стисок на срцевиот застој – односно, нивните срца веднаш престануваат да работат, во моментот кога тие се погодени. Други ќе починат неколку дена подоцна, бидејќи имаат неповратно оштетување на мозокот кое го оневозможува функционирањето на телото.

Добрата вест е што денес има помалку удари од молњи отколку што постоеле пред околу 60 години, кога имало по две повреди за секој починат од молња во просек. Земјоделците и земјоделските работници, работејќи на полињата, некогаш биле најтешко погодени, но сега најголемиот дел од луѓето се преселени во градовите. Напредокот во технологијата исто така помогнал, иако ненамерно, бидејќи повеќе не сме грото поврзани со фиксни телефони, па нема начин електричното празнење да патува низ жиците под земја и да скокне низ телефонската слушалка да ни залепи еден шамар.

Сепак, најдобриот совет кога ќе ги видите или слушнете првите удари од гром е тоа дека треба да се приберете во своите домови и да не седите на отворено.

(153)

loading...

Вашиот коментар