Исак Њутн го предвидел крајот на светот?

Легендарниот научник Исак Њутн е најмногу познат по утврдувањето на законот за универзална гравитација. Но, во слободното време правел експерименти во кои бил посветен и на алхемијата.

„Алхемијата за Њутн не била само хоби. Тој бил уверен дека вистинскиот бог е присутен насекаде, не само во спиритуална форма, туку и во супстанција. Затоа верувал дека постои некој вид на божја честичка, темелен дел од материја која би овозможила трансформација од сè во сè. Истражувањето на алхемијата за него било подеднакво важно како и науката“, вели Флоријан Фрејстетер во неговата нова книга „Isaac Newton: The Asshole Who Reinvented the Universe“.

 
 

„Како момче си бутнал игла во око за да дознае повеќе за природата на светлината. Исто така гледал во затемнување на Сонцето за го утврди нејзиното влијание на видот. Ги преживеал сите тие експерименти на себе без губење на видот и бил длабоко фасциниран од тоа што го открил“, пишува авторот.

Покрај експериментите, Њутн се осмелил да го предвиди и крајот на светот. Своите истражувања ги базирал на опсежни проучувања на библиски текстови, при што заклучил дека крајот на светот ќе биде во 2060 година, кога Небесното кралство ќе преовладува на Земјата.

  
 

„Њутн минал многу време проучувајќи религиозни текстови  и се обидел да направи хронологија на настани од минатото за да ги вклопи приказните“, вели Фреистетер.

Тој додава дека за Њутн 2060 година би била година на нов почеток, можеби пропратено со војна или природна катастрофа, но како ултимативен старт на нова божествена ера.

(151)

loading...

Вашиот коментар