Испратете си мејл кој ќе ви пристигне во 2068 година

На интернет сега е достапен еден експеримент што може да ве воодушеви или преплаши во зависност од вашиот карактер.

Имено, идејата што се крие зад платформата FutureMe.org е едноставна. Можете сами на себе да си напишете и испратите електронска порака, која ќе ви биде доставена неколку години подоцна.

Се разбира, ако не сакате да чекате неколку децении за да го прочитате она што сте го напишале во минатото, постои можност пораката да ви пристигне за една, три или пет години.

Со кликнување на опцијата „изберете датум“, тоа може да биде и многу подоцна, најдоцна во 2068 година.

 
 

Исто така, вашите електронски пораки можете да ги споделите и со широка публика, што се овозможува со опцијата „јавно, но анонимно“, а давателите на услугата се обврзуваат дека ќе ја користат вашата имејл-адреса исклучиво за наведените цели.

(15)

  
 

Вашиот коментар