Како Арапите му ги матат сметките на Елон Маск?

Акциите на компанијата Tesla паднаа по појавувањето на веста дека суверениот фонд на Саудиска Арабија вложи една милијарда долари во конкурентната компанија Lucid Motors.

Оваа инвестиција е наменета за финансирање на комерцијалното лансирање на првото електрично возило на Lucid Motros во 2020 година.

 
 

Генералниот директор на Tesla Елон Маск и претходно имаше изјавено дека преговорите со саудискиот фонд се клучни во неговото размислување за приватизација на Tesla.

Маск го наведе потенцијалното вложување на Арапите како оправување за неговиот контроверзен твит за приватизација на компанијата за производство на електрични возила, објавен во почетокот на август, тврдејќи дека потребните средства се обезбедени.

  
 

Веста за арапската инвестиција во Lucid Motors следи само еден ден откако Маск ги обвини продажните салони, кои не се во составот на компанијата, за одложувањето на поправките и испораката на автомобили.

(14)

loading...

Вашиот коментар