Како би изгледал станот на Моника од „Пријатели“ во 2018 година?

Со текот на времето, доколку продолжеше да се емитува култната серија „Пријатели“ (Friends), станот на Моника сигурно ќе претрпеше одредени промени или пак целосно реновирање, но и прифаќање на модерните технологии. Тим од дизајнери на ентериери се обидел да направи реконструкција на овој популарен стан, вклучувајќи и идеја како би изгледал ако Моника и Чендлер останеа да живеат таму, но и како другите пријатели би го реновирале.






На пример, влезната врата би останала виолетова, додека остатокот од ѕидовите ќе биде обоен во понеутрална боја. Моника би обрнала особено внимание на кујната, со оглед на тоа што и самата е готвачка. Во дневната соба мебелот ќе биде променет со поминималистички и помодерен дизајн, а секако, неизоставен дел е и телевизорот со рамен екран.

 
 

Од друга страна пак, Џои би создал свој уникатен дом со модерни елементи, типичен за неговиот начин на живот, едноставно, но со многу стил.


  
 

(48)

loading...

Вашиот коментар