Како навистина изгледале нашите предци?

Секој сака да знае како изгледале древните луѓе. Иако имаме многу портрети од нив, тие нè ни даваат реален приказ бидејќи ја гледаме само перспективата на уметникот. Во поголемиот број случаи, единственото нешто што ни останало од нашите предци се нивните коски.

Благодарение на наредната технологија, денешните научници можат да го рекреираат изгледот на овие луѓе. Тие користат форензичка реконструкција на лице и го креираат лицето според структурата и анатомијата на черепот. Во продолжение погледнете некои од најпознатите реконструкции на нашите предци.

 
 

1. Неолитски човек

Како навистина изгледале нашите предци?

  
 

Овој маж живеел во периодот на Неолитот. Бил закопан пред околу 5.500 години на територијата на денешна Велика Британија. Овој маж бил роден 500 години пред да се постави првиот камен на Стоунхенџ и имал помеѓу 25 и 40 години.

2. Ава, жената од Бронзеното време

Како навистина изгледале нашите предци?

Жената што ни е позната како Ава умрела пред околу 3,700 години. Нејзините остатоци биле пронајдени во Шкотска во гроб издлабен во карпа. Шкотскиот археолог Маја Хул и форензичкиот уметник Хју Морисон успеале да го рекреираат нејзиниот изглед.

3. Тутанкамон

Како навистина изгледале нашите предци?

Фараонот на древниот Египет е најпознатата личност од историјата на Египет и владеел од 1332 до 1323 година п.н.е. Го наследил тронот на 10-годишна возраст и умрел пред неговиот 20-ти роденден. Благодарение на темелното истражување и компјутерската томографија на неговата мумија во 2005-та година, светот можете да го види рекреираниот изглед на младиот крал.

4. Девојче од древна Грција

Како навистина изгледале нашите предци?

Ова девојче живеело во Атина и умрело на 11-годишна возраст околу 430-та година п.н.е. Во овој период грчката цивилизација минувала низ својата „златна доба“.

5. Гај Јулиј Цезар

Како навистина изгледале нашите предци?

Националниот музеј за антиквитети во Холандија создал реконструкција на познатиот римски лидер. Научниците скенирале мермерна биста од колекцијата на музејот. Изгледа дека не сме го замислувале лидерот како што навистина изгледал.

6. Маж кој загинал во Помпеја

Како навистина изгледале нашите предци?

На 24-ти август 79-та година, ерупцијата на Везув го уништи древниот град Помпеја. Според некои извори, загинале околу 16.000-20.000 луѓе поради катастрофата. Лицето на овој маж е рекреирано благодарение на рентгенски снимки и неговиот череп. Научниците го нарекле „непознат маж“ бидејќи не можеле да го идентификуваат неговиот социјален статус, ниту пак откриле што било за неговиот живот.

7. Жена од древен Рим

Како навистина изгледале нашите предци?

Оваа жена е една од 20-те луѓе кои се обиделе да се сокријат од ерупцијата на Везув. Наводно потекувала од богато семејство.

8. Млад маж од Средниот век

Како навистина изгледале нашите предци?

Овој маж живеел во Шкотска во Средниот век. Имал помеѓу 13 и 17 години. Најверојатно бил во болница и умрел таму. Научниците го искористиле форензичкото медицинско моделирање за да ги рекреираат мускулите и ткивата на лицето. Користеле компјутерска програма за неговите карактеристики.

9. Ричард Трети, крал на Англија

Како навистина изгледале нашите предци?

Кралот на Англија живеел во втората половина од 15-тиот век. Во една Шекспирова драма тој е прикажан како навистина злобна личност. Но, научниците сè уште се расправаат за неговиот карактер. Навистина е тешко да се открие вистината во заплетканите приказни од минатото. Остатоците на кралот биле откриени на еден паркинг пред неколку години. Оваа реконструкција била создадена според неговиот череп.

10. Хенри Четврти, крал на Франција

Како навистина изгледале нашите предци?

Хенри живеел околу 1553-1610-тата година и бил нарекуван „добриот крал Хенри“. Тој бил убиен на 57-годишна возраст од фанатик. И неговата реконструкција е направена со помош на компјутерско моделирање според неговиот череп.

11. Јохан Себастијан Бах

Како навистина изгледале нашите предци?

Познатиот композиторот живеел во 17-ти и 18-ти век. Зад него оставил над 1.000 музички композиции кои ги содржат сите жанрови од тој период, освен опера. Научниците го рекреирале неговиот изглед според черепот.

12. Максимилијан Робеспјер

Како навистина изгледале нашите предци?

Максимилијан бил значајна личност во периодот познат како Владеење на теророт. Бил погубен со гилотина благодарение на неговите претходни следбеници. Научниците направиле реконструкција на неговото лице користејќи ја неговата посмртна маска.

(76)

loading...

Вашиот коментар