„Калашников“ направи електричен автомобил

Во текот на Меѓународниот воен технички форум, рискиот производител на оружје, „Калашников“, светски познат по легендарната пушка АК-47, претстави концепт на електричен автомобил ЦВ-1.

Ова ретро возило е засновано на ИЗХ-21251 комбе од 1973 година, но наводно технологијата што се крие под металот е многу поимресивна од дизајнот на кој одамна му е поминат рокот.

 
 

Од „Калашников“ не сакале да откриваат многу детали, но наводно недефиниран број на електромотори го напојува батерискиот состав со капацитет од 90 kWh.

За развивање на брзина до 100 километри на час потребни се шест секунди, што и не се смета за импресивен резултат ако се има предвид дека Русите за главен конкурент ја гледаат компанијата „Тесла“.

  
 

(44)

loading...

Вашиот коментар