Климатски промени: Наскоро сите ќе мораат да се отселат од оваа земја

Се проценува дека до 2060 година просечните температури во Судан ќе пораснат најмалку за 1,1 степени Целзиусови, а можеби и за 3,1 степени. Токму поради климатските промени 600.000 луѓе веќе се отселиле од земјата.

Станува збор за климатски бегалци, израз кој пред само 5 години звучеше егзотично, а денес застрашувачки. Судан е земја која во последните децении има страдано од војни, а сега народот страда од глад и трпи поради климатските промени. OCHA (Office for the Coordination of Humanitarian Affairs) на ОН проценува дека наскоро 1.9 милиони луѓе во Судан нема да можат да се занимаваат со земјоделство и сточарство, а тоа им е единствен начин на преживување. Вкупно 3.2 милиони луѓе ќе страдаат поради критичниот недостиг на вода.

 
 

Судан е 15 најнебезбедна земја во светот по стабилност на прехраната на своите жители и во иднина ќе биде само полошо.

Но, Судан не е единствена земја во Африка на која ѝ се закануваат климатски промени. Најзагрозени се земјите како Сенегал, Мали, Нигерија, Чад, Јужен Судан, Етиопија, Кенија, Танзанија, Боцвана, Ангола и други земји. Подрачјата кои се традиционално пустински или полупустински, но сепак денес се населиви, наскоро би можеле да станат невозможни за живот. Тој пустош без растенија, животни или луѓе би се протегал од Мароко до Саудиска Арабија.

  
 

(32)

loading...

Вашиот коментар