Компаниите што произведуваат цигари да платат за чистење на догорчињата од улиците

Градските власти во Брисел побараа од тутунската индустрија да се вклучи во намирување на трошоците за собирање на догорчињата од улиците бидејќи тие стануваат сè поголем дел од ѓубрето во главниот град на Белгија.

Писмото неделава беше испратено до претставништвото на американскиот тутунски гигант „Филип Морис“ и до две белгиски компании што произведуваат цигари – „цимабел“ и „фетабел“. Властите бараат нивно учество во покривањето на трошоците од околу 200.000 евра потрошени за собирање догорчиња од улица.
Дневно на улиците во Белгија се фрлаат околу 10 милиони догорчиња, а најголем дел од нив се фрлаат во Брисел и во околината. Во 2018 година се направени низа проекти чија цел е да се олесни собирањето догорчиња.

 
 

На улиците се поставени противпожарни апарати, а на посетителите на фестивалите и слични манифестации им се даваат џебни пепелници.

– Тоа нè чинеше 203.500 евра – вели секретарката за јавни добра за регионот на Брисел, Фадила Ланан.

  
 

(9)

loading...

Вашиот коментар