Медицинско истражување покажало дека канабисот е добар лек за синдромот дефицит на внимание

Ново медицинско истражување покажало дека канабисот подобро се справува со симптомите на синдромот дефицит на внимание за разлика од конвенционалните лекови како Риталин и Адерал (кои пак, сè уште не се достапни во Македонија).

Во истражувањето учествувале 30 пациенти со дефицит на внимание. Пациентите изјавиле дека имале ограничен успех со лековите Риталин и Адерал. По третманот со канабис, сите 30 пациенти изјавиле дека забележале значително подобрување на нивото на концентрација и квалитетот на нивниот сон. Оттогаш 22 пациенти престанале да употребуваат Риталин или Адерал за нивното нарушување.

 
 

За луѓето со дефицит на внимание е познато дека имаат релативно ниско ниво на допамин. Ова нарушување најчесто се појавува кај децата, но може да продолжи и подоцна во животот. Возрасните со дефицит на внимание имаат проблем со организирање и зависност. Исто така можат да имаат проблем со контролирање на нивните емоции и со поставувањето цели.

Дефицитот на внимание настојува да биде наследен, но постојат и други начини на кои може да дојде до ова нарушување. Овде спаѓаат слабата исхрана и злоупотребата на супстанци кои во текот на бременоста можат да имаат влијание на развојот на мозокот на детето.

  
 

Дефицитот на внимание не може да се спречи или да се излечи, но ако се забележи рано, со добар третман можат значително да се намалат симптомите.

„Изгледа дека канабисот го третира дефицитот на внимание со покачување на нивото на допамин. Ова го има истиот ефект но со различен механизам на делување за разлика од стимулансите како Риталин. Делува на тој начин што се сврзува со допаминот и го спречува неговото разградување од метаболизмот“, изјавил доктор Дејвид Беармен.

Ако решението за подобра концентрација и поквалитетен сон е повеќе допамин, тогаш канабисот може да се комбинира со други природни активности што го покачуваат нивото на допамин за дополнително да се намалат симптомите на нарушувањето.

Досега медицинската марихуана за третирање на дефицит на внимание е легална во САД, но само во Колорадо и Калифорнија. Со помош на овие истражувања можно е третманот со канабис да се легализира и во други држави.

(63)

loading...

Вашиот коментар