Метеор ја погодил Земјата минатиот месеци екслодирал со сила од 2,1 килотони, но никој не известил за тоа

Метеор ја погодил Земјата минатиот месец и екслодирал со сила од 2,1 килотони, но американските Воздухопловни сили не го споменаа настанот.

Од Лабораторијата за реактивен погон при НАСА потврдија дека објект со неодредена големина, кој патувал со брзина од 24,4 километри во секунда, на 25 јули 2018 година удрил во Гренланд, само 43 километри северно од американската воена база Туле.

 
 

Ханс Кристенсен, директор на Проектот за нуклеарни информации при Федерацијата на американски научници, напиша твит за влијанието, но американските воздухопловни сили не известија за настанот. Кристенсен смета дека е загрижувачки тоа што немало јавно предупредување од американската влада за инцидентот.

-Ако влегол под поисправен агол, можел да ја погоди Земјата со значително поголема сила – вели тој.

  
 

View image on Twitter

View image on Twitter

Кристенсен потсетува на примерот со Челјабинскиот метеор, кој експлодираше во воздухот над Русија без предупредување на 15 февруари 2013 година. Тој беше со големина на куќа и видлив на оддалеченост од сто километри. Околу 1.500 луѓе беа повредени од кршењето на прозорците или други ефекти предизвикани од падот на метеорот.

По инцидентот од 2013 година, беше воспоставена Меѓународната мрежа за предупредување за метеори, која треба да им асистира на владите и да ги детектира и да одговара на објекти во близина на Земјата.

Влегувањето на астероиди во земјината атмосфера не е нешто што се случува ретко, но повеќете се распаѓаат при самиот влез во атмосферата и се безопасни.

(209)

loading...

Вашиот коментар