Модната куќа „Версаче“ се продава за 2 милијарди евра?

Италијанскиот дневник „Коријере дела Сера“ објави дека модната компанија „Версаче“ е на работ да објави продажба на американската компанија „Мајкл Корс“ за две милијарди евра.

Магазинот наведува, повикувајќи се на неименувани извори, дека соопштението за продажбата би можело да биде објавено денеска, пренесува Ројтерс и потсетува дека претходно е објавено дека купувачот би можела да биде модната групација „Мајкл Корс“, која минатата година ја купи компанијата „Џими Чу“ за 1,35 милијарди долари.

 
 

Во компанијата „Версаче“ одбиваат да ги коментираат наводите на весникот.

Италијанскиот бренд го основал Џани Версаче, а по неговото убиство во 1997. година, со него продолжуваат да раководат неговите наследници.

  
 

Магазинто наведува дека Донатела Версаче, сестра на покојниот основач на компанијата, свикала состанок со персоналот во вторник, на денот кога би требало да биде објавена продажбата на компанијата.

Семејството Версаче поседува 80 отсто од компанија, додека останатите 20 отсто ги посетува американската групација „Блекстоун“.

(12)

loading...

Вашиот коментар