Мона Лиза имала сифилис, а можеби и не само тоа

Оток на рацете, недостаток на коса, подочници и жолта кожа, тоа се карактеристики со кои ренесансниот автор Леонардо да Винчи ја насликал најпознатата слика на сите времиња – “Мона Лиза” или “La Giocondu”.

Дијагнозата ја постави лекарот од Бостон, Мандип Менр од болницата “Brigham’s Women’s”. Тој вели дека “Да Винчи” бил перфекционист кој ги запазувал сите детаљи, па малите веѓи и другите симптоми не се случајно насликани.

 
 

“Станува збор, сигурен сум, за болест на тироидната жлезда. Лиза Џиконда, кога животот го поминала во Фиренца, родила пет деца. Таа, судејќи по она што го гледаме била болна”, вели лекарот.

800 милиони долари вредната слика е вистинска мистерија. Некои луѓе и денес тврдат дека на сликата не е прикажана жена туку лицето на самиот автор или пак неговиот љубовник и помошник Џан Џакомо Капротиј, уметникот познат под името Андреа Салаи.

  
 

(70)

loading...

Вашиот коментар