Научниците се обидуваат да клонираат коњ стар 40.000 години (ВИДЕО)

Ждребе, кое кога починало било старо околу 20 дена, откриено е во замрзнат кратер во Русија, познат како „уста на пеколот“.

Научниците земле примероци од клетките на бебето коњ од пред 40.000 години во обид да го клонираат и изумрениот вид да го вратат во живот.

 
 

Руско-јужнокорејски тим тврди дека експериментот на мажјакот ждребе е „прв чекор“ од нивната главна цел – да го вратат во живот изумрениот вид мамут.

Фотографиите од лабораторијата во Јакутска – најстудениот град во светот – прикажува потрага по „живи клетки“ на леш со боја на ѓумбир, заледен во пермафрост пред 30.000 до 40.000 години.

  
 

Фотографиите одблизу истакнуваат извонредно живо чување во планетарниот природен замрзнувач.

Ждребето е откриено во заледено земјиште на сибирскиот кратер познат како „уста на пеколот“.

По десет илјади години прашината е симната, гривата и опашката биле црни – со темен штрафт долж ‘рбетот.

– За среќа, мускулните ткива на животното останале неоштетени и добро е сочувано, па успеавме да добиеме примероци од оваа единствено наоѓалиште за биотехничко истражување, вели др. Семјон Григоријев, лидер на истражувањето во рускиот Музеј на мамути.

Специјалистот за клонирање професот Хванг Ву Сук додетал од Сеул за да го предводи истражувањето на живиот ДНК материјал од ждребето.

– Ако успееме да пронајдеме клетки, тогаш ќе направиме се што е во наша моќ да го клонираме оваа единствено животно, додава професорот.

– Кобила од сличен вид како изубрениот вид Ленскаја ќе биде употребена како сурогат мајка, изјавил тој за Сајберијан тајмс.

Но, професорот истакнува дека е поголема сличноста помеѓу ждребето и модерниот коњ, отколку помеѓу мамутот и слонот.

– Имаме толку живи коњи. Можеме да добиеме добар избор на јајце клетки од овие кобили и потоа да направиме ембрион на клонот, лесно можеме да го всадиме во сурогат мајка. Наспроти тоа, голема е дистанцата помеѓу мамутот и слонот. Постојат некои типови на слонови кои се многус лични со своите праисториски предци, вели тој.

Ги делат „милиони години еволуција“.

– Ако имаме една жива клека, можеме да ја умножиме и да добиеме онолку ембриони колку што ни се потреби. Токму, ако успееме да добиеме жива клетка од античкото ткиво, тоа ќе биде поедиснтвено по себе, затоа што никогаш досега не го направил тоа. И ако успееме да го клонираме коњот, тоа ќе биде прв чекор кон клонирање на мамут, вели професорот.

Неговито истражувач Хе Хјум Ким, кој прв собирал живи клетки од мртво куче, дошол во Јакутст за да се обиде да направи пробој.

– Мојот тим и др. Григоријев ќе соработуваат и ќе се обидат да добијат живи клетки, додава тој.

(46)

loading...

Вашиот коментар