Најосамениот човек на светот – Последниот преживеан член на племе 22 години живее сам во џунгла

На интернет се појави видеоснимка од последниот преживеан член на племе кој веќе 22 години живее сам во џунглата во Бразил.

Мажот на 50-тина години живее сам во Амазонија веќе 22 години, откако беа убиени сите припадници на неговото племе, а медиумите го нарекоа „најосамениот човек на светот“.

 
 

На видеоснимката што ја објави бразилската владина агенција ФУНАИ може да се види полуголиот маж како сече дрво со секира.

Во делот од државата каде што е снимен, а се претпоставува дека таму и живее, има изобилство од папаја и пченка.

  
 

Истражувачите прв пат го забележале во џунглата во 1996 година и се претпоставува дека оттогаш живее сам во дивината.

„Сметаме дека таму живее сам 22 години, дека има околу 50-тина години и дека времето го поминува во лов на свињи, помали птици и мајмуни со помош на лак и стрела“, открива еден од истражувачите кој е фасциниран од „најосамениот човек на светот“.

Иако никој досега не стапил во контакт со него, како што е забрането од владината агенција за домородно население ФУНАИ, истражувачите сметаат дека мажот останал сам откако и последните членови на неговото племе биле убиени од фармери.

Истражувачите постојано го следат преку дупките што ги копа за ловење дивеч или за криење и според нив знаат каде е и дека е жив.

Се претпоставува дека во бразилска Амазонија има 113 активни племиња.

(185)

loading...

Вашиот коментар